За три години МВР вработувал околу 600 граѓани

Од јануари 2017 до февруари годинава во МВР се вработиле 570 луѓе,  а во истиот период министерството за одбрана останало со 170 луѓе помалку. Кај општините, најмногу нови луѓе примиле во Бутел, 122, а најголем пад има во Карпош, 124.

Министерствата и локалните администрации најмногу ангажирале хонорарци, а помалку нуделе договори на дело.

„Она што отскокнува е бројот на привремено вработените луѓе во министерствата и Владата кои што скокнал за 337 проценти односно од 62 на 271 човек. Кај општините, пак, има зголемување на редовните и привремените вработувања, но она што отскокнува е намалување на ангажирањето на луѓе со договор на дело за 31 процент.“вели Герман Филков, претс. на Центар за граѓански комуникации ..

Филков е дециден дека привремените вработувања преку агенциите се најсомнителни, па ги повикува надлежните целосно да ги отфрлат.

Како позитивен пример го посочи Министерството за информатичко општество како единствено кој ги укинал хонорарните вработувања.

Премиерот Заев и овој мандат најави намалување за 20 проценти на администрацијата преку спојување на повеќе институционални функции во една. Како опција се споменува и предвременото пензионирање.

Total
0
Shares
Поврзани објави