Адвокатот Александар Тортевски на својот Твитер профил сподели статус во кои пишува дека веќе неколку недели не може да ја добие директорката на Академијата за судии и обвинители.

Веќе неколку недели се обидувам да ја добијам директорката на Академијата за судии и обвинители ама не успевам. Сакам да ја прашам дали се точни гласините дека примиле кандидати кои минатиот пат се обидоа да се запишат со фалсификувани дипломи за јазик. Би сакал да не е вистина.

Од коресподенцијата на овој твит веќе го има одговорот дека во академијата никому не му е забрането да конкурира иако претходно се послужил со фалсификат диполома за што се уште има постапки, односно никој не е правосилно осуден па да има пречка за конкурс. Уписот е се уште во тек и на овие кандидати најверојатно повторно им е дозволено да конкурираат. Оние кои се одбиени досега добивале известување во кое немало образложение за причините за одбивањето.

Скандалот со фалсификувани документи беше во 2017 година управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ го поништи огласот за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители. Од нив 41 имаа лажни уверенија за познавање јазик.

Огласот е поништен, бидејќи против 41 лице од пријавените кандидати е поведена постапка од Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „фалсификување исправа“, која се уште е во тек.

Овие кандидати конкурирале на огласот со фалсификат сертификати за англиски јазик.