За киното „Манаки“ потрошени 600 000 евра, а никогаш не проработи

600 000 евра општински пари биле потроши од претходната локлна власт предводена од екс градоначалникот Владимир Талески за изградба на киното „Манаки“ на Широк Сокак, а до крај не го заврши проектот, па киното сѐ уште не е ставено во функција, било утврдено со пописот што новата локална власт го направи врз досегашното финансиско работење во Општина Битола.
Киното „Манаки“ се градеше повеќе од четири години. Темелите беа поставени во март 2013 година кога Талески во присуство на екс министерската за култура Елеизабета Канческа Милевска најави дека киното ќе биде готово до крајот на неговиот мандат. Последниот мандат му беше продолжен за пет месеци, но киното не беше ставено во фунција.
Сега обврската за опремување на киното останува на новата локална власт.
Новоизграденото кино го зачува стариот изглед на киното кое браќата Манаки го работеле во 19 век во Битола. Но, имаше критики во јавноста поради орнаментите на фасадата изработени од стриропор, па се ронат, како и за градежниот материјал ставен во задниот дел од киното за кое тогашната опозиција обвини дека е пластифициран лим, па киното во овој дел им наликуваше на гулабарник, велат битолчани.

#Извор Апла.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави