За еден ден пронајдени три тела

Билтенот на полицијата регистрира дека за само еден ден биле пронајдени три починати лица. Во продолжение деталите од полицијата

“На 30.07.2018 година во 07,00 часот во Полициската станица Неготино од Итната медицинска помош од Неготино било пријавено дека С.Ј. го пронашла починат нејзиниот сопруг М.Ј.(57) покрај отворен трансформатор во деловниот круг на „Млин Декамел“ во с.Тремник. Извршен бил увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

На 30.07.2018 година околу 15,15 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, З.Ц. пријавил дека во с.Олевени-битолско бил пронајден починат (во фаза на распаѓање) неговиот татко П.Ц.(66) од с.Олевени. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

На 30.07.2018 година во 20,20 часот во Полициската станица Кавадарци, од страна на лекар од Јавната здравствена установа Кавадарци пријавил дека на Тиквешкото Езеро кај место викано „Голеш“ од страна на семејството била пронајдена почината Н.Ш.(72). Од страна на лекар констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.”

Total
0
Shares
Поврзани објави