За еден ден “Пајакот” крена 61 возило само во Скопје

Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и шест со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и девет со лесни телесни повреди. 16 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 21 возачи бидејќи 16 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, тројца биле возачи почетници и двајца го управувале возилото под дејство на алкохол. 13 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, четворица неправилно се престроиле и еден неправилно престигнувал. Во однос на пешаците санкцинирани се 10 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и седум кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 81 мандатни платни налози, додека исто така 61 возила се подигнати со “Пајак”.

извор: MVR

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Адвокатот Рауфи: Некои членови на Кумановската група можат да бидат ослободени по еден месец -Јанева вели нема бомби за случајот

Адвокатот Насер Рауфи, кој ги бранеше некои од членовите на кумановската група, во интервју за Лајм.Тв ги објаснува своите очекувања…