За дома – марихуана, за извоз – сушен цвет од канабис – легализација за или против

Комисијата на Обединетите нации за опојни дроги одлучи од категоријата најопасни наркотици да ги отстрани канабисот и смолата на канабисот која се користи за производство на хашиш. Одлуката на Комисијата со седиште во Виена би можела да влијае на глобалната индустрија на медицинска марихуана. Канабисот ќе остане во категоријата дроги кои се под помалку строг режим на контрола, бидејќи гласањето на членките на ОН не овозможува легализирање на марихуаната во рамки на меѓународниот систем на контрола на наркотиците. 

Врз основа на Конвенцијата од 1961 година, меѓународниот договор за забрана на производство и снабдување со одредени дроги, канабисот и смолата на канабисот досега беа во Четвртата категорија, заедно со хероинот и други опијати. За отстранување на канабисот и смолата на канабисот од Четвртата категорија според Единствената конвенција за опојни дроги гласаа 27 члена на Комисијата, 25 беа против, а еден воздржан. Тие постапија по препорака на Светската здравствена организација (СЗО). Канада и Уругвај се единствените две држави во светот кои ги легализираа и продажбата и користењето на канабисот во рекреативни цели, додека многу земји низ светот го декриминализираа поседувањето марихуана.

 „Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојните дроги и даде можност во делот на медицинскиот канабис да се извезува, покрај естрахирано масло и сушен цвет, проценката за 2021 година е 250 милиони евра од производство за медицински употреби, исклучително за извоз“, изјави премиерот Зоран Заев. Според него, покрај извозот на сушен цвет, државата може да ја легализира марихуаната за развој на туризмот и угостителството и така во буџетот да се слеваат уште стотици милиони евра.

Во моментот има 50 лиценци од државата издадени за производство на канабис.

анализата е дел од интервјуто на Зоран Заев за Дојче Веле

Фото: илустарција нет

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ковачевски му порача на Касами да не се обидува поддршката за уставни измени да ја условува со барање за предвремени избори затоа што тој не функционира под уцени

Премиерот Димитар Ковачевски му порача на лидерот на Движењето Беса, Билал Касами да не се обидува поддршката за…