Возач прегази девојче и побегна

9. јуни 2019. / 12:06

14-годишно девојче било удредно со возило вчера на булеварот „Партизански одреди“, по што возачот избегал од местото на настанот. Девојчето е пренесено во Клинички центар, каде му се утврдени тешки телесни повреди.

На 07.06.2019 година во 18,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “Партизански одреди“ возило удрило во пешак- 14 годишна малолетничка од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а возилото го напуштило местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот информираа од полицијата.

 


Be the first to write a comment.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *