Судот во среда ќе ја објави пресудата за двајцата обвинети за насилство во одвоената постапка за нападот врз Зијадин Села во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година кои денеска признаа вина. Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски ја признаа вината и пред судот кажаа:
– Вакво нешто нема да се повтори во иднина, рече Георгиевски.
Обвинетиот Стојан Палевски, рече дека имал време овие осум месеци во притвор да размисли што направил со неговото влегување во Собранието, без никаква намера да повреди никого.
– Никогаш и во ниеден момент не би го направил истото што го направив тогаш, рече Павлевски.
Поврзани објави
Кичевскиот заминува дома
Второосомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски – Кичeвскиот ќе биде пуштен во домашен притвор, откако денеска судија на…
Гори фабриката “Жито Битола”
Попладнево голем пожар избувна во фабрика која се наоѓа во индустрискиот дел на Битола. Според првични информации од…
Ново обвинение за несовесно работење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе ново обвинение за несовесно работење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Според обвинението,…
Пронајдено телото на момчето кое со голф излета во Вардар
Градоначалникот на општина Желино преку социјалните мрежи објави дека утринава во реката Вардар е најдено телото на Ердон…