Во Сарај 41 лице позитивно на КОВИД-19, можна е изолација

Општина Сарај има 41 заразен од коронавирус, соопшти градоначалникот Блерим Беџети.

До вчера имаше 39 случаи, денеска имаме уште двајца нови, вкупната бројка е 41. Заразените се од повеќе подрачја од општината, рече Беџети.

Градоначалникот Беџети побара масовно тестирање во општината како би се утврдила точната бројка на заразени.

Воедно порача дека доколку централнта власт одлучи Сарај да оди во карантин, тогаш тоа ќе мора да биде спроведено.

Total
0
Shares
Поврзани објави