Во подметнат пожар изгоре автомобилот на сопругата на Миле Зечевиќ

Во пожар целосно изгорел автомобил „тојота корола“ паркиран на улицата Генерал Михајло Апостолски, во скопската населба Карпош 1. Опожарениот автомобил бил паркиран на улицата пред куќата во која живее Миле Зечевиќ, а возилото е во сопственост на неговата сопруга.

Се претпоставува дека пожарот, кој избувнал утрово околу 3 часот, бил подметнат.

Полицијата извршила увид, но сѐ уште го обезбедува местото.

Миле Зечевиќ е член на Централниот одбор на СДСМ.

фото: mkd.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави