Во Кичево приведени две лица осмничени за трговија со дрога

Полицијата во Кичево во неделата вечер во центарот на градот притворила две лица осомничени за трговија со наркотици. Во нивното возило пронајдени се пакувања со марихуана, пари и нож, за што ќе заработат кривична пријава и ќе се побара мерка притвор.  

„По претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во нивниот дом во Кичево, при што се пронајдени кокаин, хероин, марихуана, вага за мерење и големи износи на парични средства, за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога“, се вели во соопштението на МВР. 

Полицијата против браќата С.А. и А.А. во изминатиот период поднела бројни кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство и Судот, поради агресивно и насилно однесување, загрозување на сигурност и упатување на сериозни закани по граѓани и полициски службеници и нивните семејства, но завршиле без исход. 

Total
0
Shares
Поврзани објави