Грчките власти соопштија дека заплениле 6,5 тони канабис и голем број таблети „фентилин“ во близина на Крит.
Крајбрежната стража соопшти дека канабисот и околу 258.000 таблети биле пронајдени во скриен дел од брод, објави АП.
Крајбрежната стража не објави повеќе детали, посочија дека истрагата е во тек.