Во Германија уапсен втор осомничен за свирепото убиство на бугарската новинарка

Уште еден осомничен поврзан со убиството на бугарската истражувачка новинарка Викторија Маринова е уапсен во Германија. Вториот осомничен, човек на рани 20-ти години, е уапсен откако ДНК-тестовите и другите докази покажале дека бил вмешан во силувањето и убиството на Маринова во севернобугарскиот град Русе, потврди бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Маринов. „Постои физички доказ за поврзаноста со убиството“, изјави за медиумите Маринов. Тој го идентификуваше човекот како Северин Красимов, кој живее недалеку од местото на злосторството. Бугарската полиција приведе и маж осомничен дека ја убил новинарката Викторија Маринова. Станува збор за маж со романско државјанство и молдавски пасош.
Бугарската новинарка на локален телевизиски канал беше убиена во саботата во местото Русе, на северот на земјата. Меѓународната федерација на новинари соопшти дека е згрозена и шокирана од бруталното убиство.
Беше соопштено дека Маринова била силувана, претепана а потоа задавена и дека била толку силно претепана што лицето ѝ било непрепознатливо.

Total
0
Shares
Поврзани објави