Денеска магистралниот пат Ресен – Битола, кај Макази ротестираат јаболкопроизводителите од Преспа. Полиција го обезбедува протестот но возачите треба да внимаваат поради блокадаата.

Протестот е најавен по состанокот на иницијативниот одбор на овоштари. Заради проблемите со пласманот и хиперпродукцијата, 50.000 тони јаболка останаа во магацините. Затоа бараат средба со премиерот, но и да се врати повторно интервентната мерка од 3 денари.

Јаволкопроизводителите велат дека за да се произведе квалитетно јаболко потребни се околу 8 денари за килограм а тие на пазарот добиваат едвај 3 денари. Ја нема и интервентната мерка па затоа наместо печалба се во огромна загуба. Дел од јаболката скапаа во магаците оти нема и соодветни превозни средства да се пренесат до преработувачите.

Покрај интервентната мерка, бараат што побрзо да им се исплатат и штетите за 2017 година и субвенциите, затоа што велат дека сега започнува сезоната на активности во јаболковите насади.