Внимателно паркирање во Центар , ќе се стават канџи и пајакот ќе собира

 

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, од 10-ти април (среда), започнува со воведување ред на резидентните паркиралишта, при што ќе се поставуваат „блокатори“ на возила на резидентно паркиралиште, а не се корисници-резиденти на секторот во коj што се паркирани.

Целта на ваквата акција, како што информираат од ЈП ПОЦ, е да им се овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за нивните потреби.

„Поставувањето на механичко средство ‘блокатор‘ во зона 0 и зона 01 ќе изнесува 1.200 денари, во зона 1-960 денари и во зона 2-720 денари. Доколку казната не се плати во рок од два часа, возилото ќе биде отстрането со специјалното возило ‘пајак‘. Акцијата ќе започне во зона 01, во секторите Дебар Маало и Градски парк, а потоа ќе продолжи и во останатите сектори со кои стопанисува претпријатието. Оваа промена се воведува заради големиот број поплаки од граѓаните кои не можат да се паркираат на нивниот паркинг од други возила кои не се на станари“, се вели во соопштението од ЈП ПОЦ.

Од претпријатието информираат дека жителите на општина Центар и понатаму ќе можат бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува претпријатието, а останатите граѓани ќе можат да го регулираат нивниот престој во јавните паркиралишта со наплата.

Total
0
Shares
Поврзани објави