ВНИМАНИЕ: Парковите во Аеродром се преполни со отров !

Локалните власти во општината Аеродром ги предупредуваат граѓаните дека по парковите има расфрлано отров и ги повикуваат скопјани ако забележат таква појава веднаш да пријават во полиција.

„Во текот на вчерашниот ден добивме информации дека на јавните површини во Општина Аеродром има расфрлено отров, со што се загрозува животот на животните и на луѓето. Инспекциските служби на Општина Аеродром се на терен, а сезонските работници го пребаруваат секој сомнителен реон“, се вели во информацијата од опшината Аеродром.

Општина Аеродром ја информира полицијата и апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини, кои претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Бојкотот никогаш не е решение, само ги збунивте оние што сакаа да гласаат „против“, вели Дескоска на отворените прашања од професорката Бузалковска од ФДУ

Министерката за правада Рената Дескоска вели дека Министерството за правда нема никаква надлежност над контрола на законитоста на…