Јавен обвинител на предлог на опозицијата, спречување на реваншизмот, притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, формирање Комисија за заштита од дискриминација, отворање на сите предмети каде е почувствувана неправда.

Ова се четирите барања испратени од синоќешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова не би требало да биде пречка за Заев, зошто истото го предлагаше пред да дојде на власт. Јавен обвинител на предлог на опозицијата, рече Мицкоски.

Тој побара веднаш да се спречи реваншизмот, притисоците и политичките етикетирања во администрацијата.

„ВМРО-ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Сите оние кои што се чувствуваат обесправени и се под притисок на власта, цел се на реваншизам од власта, ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање за бесплатна правна помош“, рече Мицковски. 

Според него брзо треба да се формира комисијата и донесување на нов Закон за заштита од дискриминација.