Владин службеник дал 9 сим картици , петмина зборувале на државата плаќала

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, на 22.11. 2018 година поднесе кривична пријава против С. П. (51) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РМ, со што го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи во Владата на РМ за вкупен износ од 2.079.471,оо денари.
Имено, С. П. во својство на службено лице вработен во Службата за општи и заеднички работи во Влада на Република Македонија, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување како самостоен референт-организатор за услуги со фиксната и мобилната телефонија, во временскиот период мај 2012 до август 2017 година, на непознати лица дал на користење девет СИМ картички, сопственост на Службата за општи и заеднички работи во Влада на РМ, без притоа да подготви и потпише реверси за задолжување со податоци и потписи на лицата, како и своерачно потпишани изјави од истите со кои се согласуваат во случај на пречекорување на ограничувањето на сметките за користење на телефонските броеви, разликата од утврденото ограничување и висината на сметката да им биде задржана од месечната плата. Понатаму, кога фактурите од Македонски телеком пристигнале за наплата на побарувањата по основ на остварените мобилни услуги за 9-те телефонски броеви, пријавениот како овластено лице задолжен да врши контрола и проверка на сметките на корисниците на службени мобилни телефони, иако знаел дека телефонските броеви ги користат лица на кои што не им следуваат телефонски броеви и нема изработени и потпишани реверси, своерачно се потпишал и ставил печат дека е извршена контрола и дека нема забелешки.

соопштение MVR

Total
0
Shares
Поврзани објави