Владата ги осуди заканите на Каракачанов

Македонската влада ја осуди изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој пред неколку дена изјави дека е подготвен да испрати бугарската војска во Македонија за да ги сруши сите споменици каде пишува „бугарски фашистички окупатор“.

Портпаролот на владата Душко Арсовски смета дека изјавите на Каракачанов се недостојни и недолични.

„Може само да изразиме оптимизам дека тоа не е став на мнозинството граѓани и на академската заедница во Бугарија. Треба да се разграничи тоа што е работа на политичарите од работата на Мешовитата комисија за историски прашања“, рече Арсовски.

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска смета дека изјавата на Каракачанов е несериозна и тоа не начин како треба да комуницираат две членки на НАТО.

„Ние ќе продолжиме да ги испраќаме истите пораки кои што сме ги испраќале изминативе години, а тоа е дека нашите граѓани нè плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност. А таа безбедност зависи од добрососедски односи, рече Шекеринска.

Total
0
Shares
Поврзани објави