Владата воведе кризна состојба на јужната и на северната граница

Владата на денешната седница, согласно заклучокот од седмата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, донесе Одлука за кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија поради зголемена фреквенција на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија, но поради пандемијата и опасноста од ширење на Ковид-19.

„Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и на северната граница. Се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој има задолжение да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување“, соопшти владината прес-служба.

Постоењето на кризната состојба што е утврдена со оваа одлука, додаваат од Владата, ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, а сите органи на државната управа се задолжени да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави