Од утре и за време на викендот како и деновите од понеделник, државата ја очекува нестабилно дождливо време . Пороен дожд грмежи и засилен ветер ќе има во поголемиот дел од државата ,а наместа е можна појава на град и силно невреме.

Многумина се подготвуваат да го спојат неработниот вторник со викендот и да отпатуваат. Синоптичарите советуваат доколку на пат ги зафати невреме да застанат да почекаат да помине и да внимаваат на одрони или свлечишта.

Случно време ќе има и кај соседите каде повеќето кои се подготвуваат за патување ќе заминат на продолжен викенд.