ВИДЕО: Замрзната вода од пукната цевка опасна за тетовци

Тешка сообраќајка на улицата која е пред самата Општина Тетово деновиве ги вознемири жителите на градот. неколкумина лица поминаа со потешки повреди. Тетовци реагираат дека овие сообраќајки не се поради невнимание на возачите туку поради пукната водоводна цевка.

Дефектот со години не може да се отстрани бидејќи цевките се стари како на водоводната така и на канализационата мрежа. Секоја зима пукаат и истекува вода но и фекалии.

На ова место иако има поставен знак за дефект на патот автомобилите кои поминуваат го удираат. Водата која истекува од шахтата од местото каде е дефектот деновиве замрзнува поради ниските температури. Возењето е опасно како што било и во петокот кога автомобил се лизнал ги срушил и столпчињата на тротоарот. Освен поведените во автомобилот добро било што не поминувале пешаци оти автомобилот завршил на тротоарот.

Належен за решавање на овој проблем е Општина Тетово но до сега ништо е е превземен за средување на состојбата со водоводната и канализационата мрежа во градот или барем санирање на опасните места за граѓаните.

Total
0
Shares
Поврзани објави