ВИДЕО: Шапка утрово со 30 сантиметри снег

Во текот на ноќта целата држава ја зафатија обилни врнежи од дожд но на повисоките предели и снег. На Попова Шапка затрупа 30 сантиметри снег, кој е многу влажен и тежок. Утринава делумно и почнува да се топи. Метео прогнозата предвидува денеска да биде најладно со температури до 15 степени и тоa во јужниот дел од државата, а во Скопје максимумот да достигне 13 степени. Од утре ќе има мало затоплување но уште ќе има  дождови. Среда ќе се појави и сонце , четврок облаци, а петок ќе биде најтопло со максимум 20 степени. Потоа повторно опаѓање на тепературите од кои утринските ќе се спуштат и до 1 степен.

Total
0
Shares
Поврзани објави