ВИДЕО: Проблем со моторот причина за уривањето на украинскиот авион, офрлена можноста за терористички напад

Не станува збор за терористички или ракетен напад, несреќата нема врска со актуелната криза меѓу САД и Иран, објави украинската амбасада во Техеран по падот на авионот „Боинг“.

Украинскиот авион со 176 патници и членови на екипажот кој утринава се урна неколку минути по полетувањето од аеродромот во Техеран не прогласи тревога, изјави Хасан Резеифар, генерален директор на Комисијата на иранската организација за цивилна авијација која ја истражува несреќата.

Украинската амбасада во Техеран соопшти дека 168 лица купиле билет за овој лет и дека екипажот броел 9 члена, а преелиминарнарниот извештај покажува дека авионот паднал поради проблеми со моторот.

Total
0
Shares
Поврзани објави