Видео: Повторно гори трската кај Подмоље

https://www.facebook.com/voxstruga.mk/videos/412175686207555/

Запален појасот трска на стариот пат Охрид – Струга, кај Подмолје, вчера, доцна попладне. Пракса која, за жал, се повторува секоја година. Ни казни, ни санкции, нити желба да се стави крај на ваквото дивеење. Трската е дом и живеалиште за многу видови, кои на овој начин имаат сè помалку простор за безбеден живот и размножување. Иако Влада на Република Севрена Македонија Министерство за животна средина и просторн планирање, Општиба Охрид и другите институции не ги наведоа овие проблеми и дејствија, во извештајот доставен до UNESCO, иницијативата неодамна достави обемен извештај до оваа меѓународна организација каде детално се наведени сите овие „активности“ на наши сограѓани и сонародници. Меѓу другото и палењето на трската. Нека не мислат нашите функционери дека ќе нашминкаат или козметички дотераат некаков документ и со тоа ќе убедат некого дека опасноста е отстранета. Засега кај нив отсуствува желба и искрена волја да направат било што за да го заштитат природното наследство на охридскиот регион.

извор: Oхрид СОС

Total
0
Shares
Поврзани објави