Видео: Полицајци тепаат Роми во Битола

На социјалните мрежи е постирано видео на кое неколкумина полицајци жестоко тепаат Роми. Според информациите на Досие настанот се случил во Битола.

Неофицијално се случила сообраќајка, интервенирала полицијата, но дел од учесниците во незгодата не сакале да сорабoтуваат со полицaјците и се обиделе да побегнат. По кратка бркотница билe фатени и се случила тепачка.

Во врска со видео материјалот што денеска (24.09.) беше објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници, МВР известува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот.

МВР презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што јавноста ќе биде соодветно информирана.

Total
0
Shares
Поврзани објави