Видео: Му залепи шамар на Макрон пред неговите телохранители!

За време на посетата на департманот Дром, еден од присутните луѓе на улица му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон.

Две лица беа приведени по овој инцидент.

Две лица се уапсени во врска со инцидентот, јавија телевизијата БФМ и радиото РМЦ.

Инцидентот се случи за време на посетата на Макрон во регионот Дром во југоисточна Франција, каде што тој се состана со сопственици на ресторани и студенти со кои разговараше за враќање во нормален живот по пандемијата со ковид-19.

На снимката се гледа како Макрон оди кон насобраните граѓани кои стоеја зад металната ограда. Потоа ја подава раката кон човекот во зелена маица, со очила и заштитна маска.

Човекот потоа извика „Долу Макронија“ (A Bas La Macronie) и му удри шлаканица на претседателот.

Двајца телохранители го срушија човекот, а третиот го влечеше Макрон настрана.

Кабинетот на францускиот претседател објави дека се работи за планиран напад, без да се наведат детали.

Total
0
Shares
Поврзани објави