ВИДЕО: Како се судрија туристичките бродови во Будимпешта

При судир на два туристички бродови во реката Дунав во Будимпешта најмалку седум лица го загубиле животот а дваесетина туристи од Јужна Кореја се водат за исчезнати.

Во помалиот брод кој потонал по несреќата имало вкупно 32 патници и двајца членови на екипажот. Седум лица од потонатиот брод биле спасени и тие се наоѓаат во добра здравствена состојба, пренесуваат медиумите од регионот.

Кобниот момент на судирот помеѓу двата туристички бродови бил снимен од хотелска камера во Будимпешта. Несреќата се случила околу 22 часот минатата ноќ, откако обилните дождови довеле до силни струи во Дунав, а бродот потонал во близина на зградата на унгарскиот парламент.

Total
0
Shares
Поврзани објави