Видео: Како се гасеше пожарот во Галичник

Пожарот кој избувна во Галичник е изгаснат. Но според видеата од локалното население опремата со која требало да се гаси е неупотреблива или воопшто не била употребена. Пожарната не можела да се искачи па затоа требало со возило да биде шлепана. Поради силен ветер не можело да интервенираат хеликоптери , а не биле употребени и специјалните авиони.

Центарот за управување со кризи во текот на вчерашниот ден детално информираше за преземените активности по алармот за запалената борова шума во близина на куќите над селото Галичник. Ја добивме информацијата дека армиските хелокоптери биле таму, но не можеле да интервенираат поради силниот ветер. Но, остана отворено прашањето каде беа „ер-тракторите“.

Дирекцијата за заштита и спасување поседува два „ер-трактори“, авиони за гаснење пожари. Од Центарот за управување со кризи ја добивме информацијата дека била побарана интервенција на „ер-тракторите“, но немаме одговор од ДЗС зошто не полетале двата авиона за гаснење на пожари.

Total
0
Shares
Поврзани објави