Видео: Како младите се забавуваа за време на полициски час и пандемија -локалите затворени, гостите без казна

Во вчерашната акција на Пазарниот инпекторат затворени се пет објекти во Скопје – четири кафеани и една игротека. Меѓу затворените е и еден бар со стриптизети во скопското село Крушопек. Барот бил полн, воопшто не се почитувале протоколи и работно време, а инспекторите начекале и неколку стриптизети кои ги забавувале гостите.

Угостителски  објект е затворен и во ТЦ „Мавровка“, а исто така казнета е и игротека каде се славело роденден со повеќе славеници.

„Тоа што синоќа го видовме на терен беше како воошто да нема пандемија“, вели директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски. Полни локали, млади луѓе безгрижно се забавуваат со гласна музика, играат и пејат. Во центарот на Скопје ги затворивме локалите ‘Интермецо‘ и ‘Три кичен‘. Казната е забрана за работа од 10 до 30 дена, парична казна од 5.200 евра, како и прекршочна пријава. Знаеме дека на многу места не се почитуваат протоколи и ако сега не сме интервенирале, ќе дојдат на ред и тие. Ние сме тука, не одиме никаде и постојано сме и ќе бидеме на терен“, вели директорот Пауновски.

Гостите кои биле начекани во кафулињата не се казнети бидејќи инспекторите за да можат навреме да делуваат, не ја чекале полицијата, туку влегле сами, без асистенција. Пазарниот инспекторат не може да изрекува казни на физички лица, туку само на правното лице и да го затвори објектот. Гостите може да ги казни само полицијата по основ непочитување на ковид протоколи, но во вчерашната акција полиција немало.

извор: сдк.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави