ВИДЕО: Како гореше возот во Пакистан во кој загинаа 71 патник

https://www.facebook.com/RTnews/videos/2434924676768640/

Најмалку 71 лице денска загина, а 43 се повредени во пожарот што избувна во патничкиот воз што сообраќал низ провинцијата Пунџаб, на истокот од Пакистан.

Американските медиуми пренесуваат дека меѓу жртвите има и неколку жени и деца.

Претставникот на локалната служба за вонредни состојби, Килим Улах, изјави дека меѓу повредените лица, дури 11 се наоѓаат во критична состојба.

Преживеаните наведуваат дека на возот му требале најмалку 20 минути за да застане по избувнувањето на пожарот.

Полицијата соопшти дека пожарот букнал откако експлодирала плинска боца која патниците ја користеле за подготовка на доручек , што е прекршување на безбедносните правила во возот.

Во пожарот се уништени три вагона од возот, а многумина меѓу патниците тргнале на верска конференција која ја организирало едно движење на сунитски муслимани, пренесуват британските медиуми.

Министерот за железници изјави дека најголемиот број од патниците загинале со скокање од запелениот воз во движење.

Total
0
Shares
Поврзани објави