Вистинска драма вечерва се одвива во скопски Бутел, каде гори куќа, дознава 24 Инфо.

На терен се две возила на противпожарната бригада, како и тимови на ЕВН кои ја исклучуваат струјата низ населбата.

Пожарникарите се борат да го локализираат пожарот за да не се прошири на соседните куќи на улицата Андре Мазон. Во меѓувреме е побарано засилување од две нови возила.