https://www.youtube.com/watch?v=R9ZNt41ZGvM

На одбележувањето на 100-годишнината од крајот на Правата светска војна, во Париз се случи инцидент кога полугола жена истрача пред конвојот на претседателот на САД, Доналд Трамп.

И покрај силното обезбедување поставено во Париз, полуголата активистка со натпис на своето тело ,,Фемен” успеа да предизвика внимание и истрча пред автомобилот на Трамп која се движеше кон Триумфалната капија.

Останатите државници на прославата на стогодишнината дојдоа заедно, со автобуси, додека Трамп пристигна со посебна колона автомобили.

По инцидентот жената веднаш беше приведена.