Вечерва, во 21:20 часот во центарот на градот Тетово, пред казино „Аладин“ е пукано кон едно лице, кое е повредено и со брза помош префрлено во болница.

На терен има огромен број на полициски службеници, кои ги затвориле дел од улиците и ги бараат напаѓачите.

Како што пренесува порталот „artistatshqiptar“, било пукано со огнено оружје, а причината за нападот се уште не е познатa.

Според првичните информации еден од учесниците во престрелката е висок функционер на ДУИ и заменик директор на УЈП.

Првично полицијата соопшти дека две лица се уапсени а се трага по уште инволвирани во пукањето.

https://www.facebook.com/TetovaaSot/videos/319648321957493/