(ВИДЕО) Еден загинат, повеќе од 60 повредени: Toрнадо го погоди Вухан

Торнадо го погоди кинескиот град Вухан, при што има еден загинат, а над 60 се повредени. Голем број луѓе се повредени во вчерашното торнадо во градот Вухан во провинцијата Хубеи во Кина, јавува официјалната новинска агенција Синхуа. Шест лица исчезнаа во провинцијата Хубеи.Торнадо предизвика ветер со брзина од 23,9 метри во секунда и ја погоди областа Цајдијан во Вухан, кршејќи дрвја и рушејќи бараки на градилиштата. Ветровите значително ги оштетиле електроенергетските објекти и уништиле неколку фабрички згради во градот Шенгзе. Вухан стана познат откако од овој град коронавирусот се прошири во светот.

foto EPA

Total
0
Shares
Поврзани објави