( Видео ) Две куќи изгореа во пожар во тетовско Седларево

Две куќи целосно изгореле, а една е оштетена во пожар во тетовското планинско село Седларево што припаѓа на општина Желино. Пожарот избувнал вчера доцна попладне, а пожарникарите интервенирале до доцните ноќни часови.

-Тетовската против пожарникарска единица доби повик во 18 часот, но додека стигнавме веќе огнот беше проширен. Двете куќи целосно изгореа, додека во третата успеавме некако да го спречиме огнот да се шири понатаму и да зафати други објекти. Имавме помош од жител на селото кој со голем трактор ни носеше вода. Неколку часа траеше гаснењето. Екипата се врати на полноќ, но имајте предвид дека речиси еден час треба да се стигне до тоа село, потврди Ука Алити, командант на тетовската против пожарна единица, за Glas.mk. На интервенција дошле шест пожарникари со три возила.

Total
0
Shares
Поврзани објави