Вицепремиерот Николовски сака да ја разреши Димова

Вицепремиерот Љупчо Николовски задолжен за борба против корупција на следната владина седница ќе побара да се разреши директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова откако во јавноста се појавија сомнежи за евентуални злоупотреба на европски пари за образовни проекти.

„Директорката Лидија Димова смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на националната агенција“, напиша на твитер вицепремиерот Николовски.

Освен оставка на Димова опозицијата бараат и кривична одговорност. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека директорката е вмешана во многу скандали кои достигнуваат огромни суми на пари, а ЈО не реагира.

Случајот за можни злоупотреби на европските пари го привлече вниманието на финасиската полиција, која  во соработка со Обвинителството работи на утврдување евентуална кривична одговорност на директорката Димова.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Три медицински сестри, вработен во техничка служба на Инфективното одделение во Кумановската болница, доктор кој работи во Скопјe и четворица пазарни инспектори, еден санитарен инспектор, новозаразени во кумановско

Во Центарот за јавно здравје во Куманово, денеска се регистрирани 24 новозаболени од коронавирус. Од нив 15 се…