Верушевски е најплатениот советник на Заев

Зоран Верушевски, поранешен разузнавач, е најплатениот советник на премиерот Зоран Заев. Верушевски со советите што ги дава на премиерот како советник за национална безбедност, прима плата од над 74 илјади денари.

Од вкупно 54 лица вработени во канцеларијата на премиерот Зоран Заев, 23 се советници.

Двајца советници, Виктор Андонов за енергетика и Милан Живковиќ за труд и социјална политика, земаат по 60 546 денари. Останатите 20 имаат нето-примања од 55 268 денари.

Покрај советниците, во листата на вработените во кабинетот на Заев се наведени и останатите позиции. Марија Јанева е шефица на неговиот кабинет, а нејзина заменичка е Весна Марашевиќ.

За овие и за останатите позиции, како што се државни советници, раководители и заменик-раководители, во објавениот документ не се наведени платите.

Total
0
Shares
Поврзани објави