Велешанка тешко се повредила при посета на Црн камен

Припадници на полицијата и пожарникари ја носеле повредената по тежок и стрмен пат а екипата на итната помош, и помогнала на жената на лице место.

Посетувајќи го Црн Камен, каде велешани после Велигден,  одат за здравје и среќа, велешанка вчераутро, сабота,  тешко се повредила. Според информациите на повеќе служби, настанот се случил околу 8,30 ч. кога 55 годишната жена се лизнала и паднала. На лице место, на Црн Камен била  екипа на Итната помопш и ја дала неопходната нега на повредената. 

„Вчера, претпладне на одделот за хирургија од страна на Итната Медицинска Помош  донесено е лице на 55 годишна возраст повредено при случаен пад. Пациентката се здобила со скршеница на десен лакт и скршеница на десен скочен зглоб, истата прегледана од дежурен ортопед, оперативно третирана  и задржана на одделот за ортопедија за понатамошно лекување и доиследување“ – кажа –др Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во извелкувањето на пациентката учестувала екипа на Итната медицинска помош, на противпожарната единица и велешката полиција. Тие ја носеле жената по тежок и стрмен пат од Црн камен до региоанлниот пат Велес- Градско, од каде била префрлена во Велешка Болница.

Total
0
Shares
Поврзани објави