Велешанец пронашол 18 пиштоли заѕидани во куќа

Велешанецот И.Ѓ. ги пронашол пиштолите во сопствената куќа на ул.„Максим Горки“ бр.172 во Велес додека се извршувале градежни работи на реконструкцијата на куќата. Пиштолите се марка „Нагантс“ калибар 7,62 мм.
И.Ѓ пријавил во полициската станица на СВР Велес. Полициски инспектори направиле увид, ги одзеле пиштолите и ги испратиле во Крим техника во Скопје. Сега таму треба да се вештачат и да се утврди дали се во исправна состојба или пак ќе завршат на некоја депонија за старо железо. #соопштение МВР

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ромската заедница со претставка до Народен Правобранител: „Во Министерството за култура нема ниту еден вработен од ромска етничка припадност“

Во текот на вчерашниот ден, активистот за човекови права, Тефик Махмут, излезе со претставка за несоодветна и неправична…