Претседателот на Собранието Талат Џафери доцна вечерва ги распиша изборите поради временските рокови за да може предвремените парламентарни избори да се одржат на договорениот термин на 12-ти април.

Џафери првично најави дека изборите ќе ги распише утре претпладне, но по проверките е утврдено дека мора да се распишат уште вечерва што е сторено од собранискиот спикер.

Веднаш потоа е закажана седница на Државната изборна комисија.

Претходно со 108 гласа „за“ беше распуштено Собранието и завршо мандатот на 9-тиот парламентарен состав од независноста на Македонија.