Вечер: Антикорупциска на суд изгуби предмет против Иванов

Вишиот управен суд ја отфрли жалбата на Антикорупциската комисија како недозволена и ја потврди првостепената одлука на Управниот суд, кој пред месец и половина одлучи дека Антикорупциска не била во право кога му отвори прекршочна постапка на екс претседателот Иванов, дознава Вечер.мк од извори во Судот. Одлуката е официјална.

Иванов преку aдвокатското друштво Лазов и Бадева, поднесе тужба на решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, а Управниот суд го поништи решението на антикорупционерите.

Причина за поништувањето на решението на ДКСК е тоа дека немало докази дека за време на избори на унапредените генерали им биле исплатени повисоки примања, и поради фактот што Иванов немал можност да се брани во контрадикторна постапка, а не му било доставено решението, туку само објавено на веб-страницата на комисијата. Освен тоа, според Управниот суд противуставно е да се укине веќе стекнат офицерски или генералски чин.

Поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, ја однесе Антикорупциска на Управен суд, бидејќи комисијата, незаконски и надвор од своите надлежности отвори прекрошна постапка против него за унапредувањето на генерали пред претседателските избори.

извор: Вечер.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави