Вчера загинатото семејство од Делчево, имало билети за нов живот во Австралија

Делчево жали за изгубените млади животи во вчерашната сообраќајна несреќа. Празничниот ден во градот овој 11 Октомври донесе траорна слика со празни локали каде нема или се слуша само класична музика. Сите се потресени од трагедијата која ги однесе животите на 32-годишниот Дејан,27-годишната Емилија и нивниот двегодишен син.
Од лошо полошо. Три деца одеднаш го потресоа Делчево, вели жител на Делчево.
Младото семејство Димитровски, имало планови пред себе. Според нивните пријатели, тие планирале засекогаш да се иселат од државата и да ја побараат својата ветена земја, каде ќе имаат услови за квалитетен живот.
Ги познавав, ова е трагичен ден за цело Делчево. Оваа несреќа се надевам дека ќе ги сплоти сите делчевчани. Како и сите млади и тие се соочија со невработеност, со маките, беа принудени да го бараат патот надвор од Македонија, но за жал ете трагедијата ги спречи во нивните намери, вели жител на Делчево.
Имам информација дека требало да патуваат денеска или утре за Австралија, причината не ја знам, бев со свеќа така се збореше, вели жителка на Делчево.
Младото семејство Димитровски загина вчера попладне враќајќи се од Скопје на десетина километри пред Делчево магистралниот пат Кочани Делчево во директен судар со камион натоварен со дрва. Истрагата од надлежните треба да ги покажат причините кои го завија во црно семејствата на Дејан и Емилија .
Инаку, црната статистика на жртви во сообраќајни незгоди во Делчево за само последните пет месеци од оваа година брои 6 жртви по патиштата до Делчево.

#текстот и фотографијата се целосно превземени од Телевизија Стар

Total
0
Shares
Поврзани објави