Важно соопштение: Водата во Струга и Тетово не е за пиење

Водата во Струга е загадена и да не се употребува за пиење, апелира јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Според соопштението, причина за загаденоста се обилните врнежи од дожд што изминатите денови го зафатија Струшкиот регион.

Обилните дождови кои деновиве паѓаа на тетовското подрачје многу ја заматија водата во горниот тек на реката Пена, од каде што, покрај шарските извори, градот се снабдува со вода за пиење. Високата заматеност со песок и кал, која според мерните инструменти го надмина индексот 2, придонесе автоматски да се затвори дотокот на водата во филтер станицата, каде се врши нејзино прочистување. Ова е автоматски процес, бидејќи високата заматеност на водата може да предизвика големо оштетување на филтрите. Екипите на ЈКП ‘Тетово‘ се на терен на Лешница и ја следат состојбата. Условите за работа се тешки, бидејќи ноќеска таму паднал и снег, но велат водата почнала да се разбиструва, па можно е наскоро филтер станицата повторно да проработи и да се нормализира снабдувањето со вода. Ваквото заматување на водата во овој период од годината е вообичаена појава поради обилните дождови, велат од РЕ „Водовод и канализација“ при ЈКП „Тетово“.

https://www.facebook.com/Ujesjell.dhe.kanalizime.Struge/posts/680952015906226

Total
0
Shares
Поврзани објави