ВАЖНО: Поради најава за врнежи од снег, апел за дислокација на возила од Галичник

Месната заедница на Галичник упати апел на постетителите со кој ги повикува да ги тргнат возилата на безбедно за да не бидат заевани. Во продолжение повикот на надлежните.

Вечерва и ноќва предвидени се врнежи од снег кои би можеле да го затворат за сообраќај на лесни возила патот Галичник – Маврово, како и локалните улици низ Галичник.

Затоа, сите возила да се извлечат на Пеш, а утре (недела) патниот правец ќе биде исчистен од снег и попесочен.З а следната седмица, според моменталната временска прогноза, предвидени се секојдневни врнежи од снег (некои денови пообилни) и силен ветер кој ќе придонесе да се создадат снежни намети и за жал нема да може да се гарантира проодност.

На оние кои ќе останат во Галичник им се препорачува возилата да ги евакуираат во Јанче (или на м.в. Гладеш над Јанче).

Сите оние кои ќе ги остават возилата во Галичник, ги оставаат на сопствен ризик да останат завеани.

Живи и здрави!

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Меџити и Алиу до Груби: „Престани со заканите, одмори неколку дена, сфаќам дека ти е крајот, но барем покажи ја машкоста!“

Разрешените министри за здравство, Фатмир Меџити и информатично општество и администрација Азир Алиу на своите Фејсбук профили упатија…