“Варадиште” затворено , откриени заразни болести и нехуман третман на кучињата

„Вардариште“ е затворен и е воведена забрана за заловување на бездомни кучиња во рок од 30 дена освен за оние кои каснале човек. Ова е решението на  Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) која изврши контрола во стационарот и констатира дека има заразни заболувања кај бездомните животни и непостапување по дел од утврдените пропусти во работењето.

Во дворот на стационарот имало кучиња надвор од кафезите и животни кои во стационарот влегле преку оштетената ограда. Со контролата е утврдено и дека дел од кафезите не ги исполнувале условите за благосостојба и хигиена, односно, не биле соодветни за сместување на заловените кучиња. Спротивно на законот, во стационарот е утврдено присуство на кучиња без мајка, т.е., животни на несоодветна возраст помали од 6 месеци.

Total
0
Shares
Поврзани објави