Утрово продложи изградбата на високатницата до “Мајчин дом”

Утрово проработеа багерите за изградба на деветокатницата во Аеродром, кај Мајчин дом, откако Уставниот суд ја одби поднесената претставка за оценување на уставноста на донесениот ДУП за градска четврт И10, во кој влегува зелената површина претворена во градежна зона.

По пауза од неколку недели и граѓански протести, откако градењето беше времено стопирано откако инспекторите констатираа неправилности на градилиштето, утрово работниците пристигнаа на парцелата, а багерите го прекопуваа теренот.

Сопственикот на парцелата, Фатмир Етеми потврди дека ќе ја гради деветкатницата, која ја најавува како целосно енергетски ефикасна зграда, со вертикално и хоризонтално зеленило. Во соопштението од компанијата „ЗСФ-КОМ“, чиј сопственик е Етеми, се наведува дека во разговор со надлежните институции заклучено е дека нема начин да му се надомести штетата која е проценета на повеќе од осум милиони евра или да му се обезбеди заменска парцела со приближна вредност.

Општина Аеродром, пак, општина соопшти дека е обврзана да ја почитува одлуката на Уставниот суд и се исцрпени сите механизми за да се стопира изградбата на објектот.

Total
0
Shares
Поврзани објави