Утре вечер лидерска за Законот за ЈО, ќе се отвора и прашањето за предвремени избори

Утре на лидерска средба во Собранието ќе треба да се постигне конечниот договор за Законот за јавно обвинителство , дознава Канал 5.

За утре во 20 часот е закажана лидерската средба која ќе се одржи во Собранието, дознава Канал 5 ТВ. Своето присуство го потврдил и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На лидерската се очекува да се постигне финален договор за новиот Закон за Јавно обвинителство и со тоа да се реши судбината на Специјалното обвинителство.

Во телевизиско интервју Мицкоски синоќа најави и дека ќе ја отвори темата за предвремени парламентарни избори.

Total
0
Shares
Поврзани објави