Утре се бира новиот спикер на Собранието

Талат Џафери за утре во 15 часот ќе ја закаже седницата на Собранието на која треба да се избере нов спикер. Џафери за Телма изјавил дека одлуката ја донел откако претседателот Стево Пендаровски одлучи да му го врачи мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да ја фомрира новата влада, иако Заев го информирала дека се уште преговара со повеќе партии за владејачко мнозинство.

Во исто време, ДУИ ќе ја почне средбата со лидерите на партиите од албанскиот блок, но неизвесно е кој ќе се појави откако Села и Гаши не ја прифатија поканата. Попладнево Гаши се сретна со Заев, но соопштија дека било само приватна средба на која не се разговарало за коалицирање. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави