Урнати трафиките кај „Зелен пазар“, во акцијата ќе бидат урнати и 18 дивоградби

Урнати се две трафики кои се наоѓаа кај Зелен пазар во Скопје. Во трафиките се продаваше облека, а продавачите, кои не сакаа да говорат пред камера, се жалат дека останале на улица – без работа и месечни приходи. Засега на оваа локација остана само една трафика.

Трафиката која беше „поштедена“ од уривање е билетарницата на Јавното сообраќајно претпријатие. Од општина Центар велат дека трафиката ја поседува потребната дозвола. Освен тоа што останаа без работа, самите продавачи ќе мора да ги платат трошоците за уривање на трафиките.

-Самите ќе платат за уривање на трафиките, бидејќи неколкупати им кажавме сами да ги отстранат, но тие не го направија тоа-велат од Општина Центар.

Во рамките на акцијата беа урнати уште два објекта, а во уривањето ќе бидат опфатени уште 18 нелегални градби. Од општина Центар велат дека акцијата се спроведува по барање на Град Скопје.

извор: tv21.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави